Чаеви кои помагаат во случај на пролив и запек кај децата

Објавено на: Dec 28, 2016 од Мама Ане

Проливот кај децата многу лесно може да се елиминира со природни билни чаеви и напитоци.
Како еден од најефикасните чаеви против детска дијареа се смета чајот од лист од капина (Rubus fruticosus) или цикорија (Cichoria intubus).
Една супена лажица од овие билки прелијте со зовриена вода и оставете да отсоти околу половина час. Процедете и засладете по желба со мед.
Ако вашето дете има проблем со запек тогаш секојдневно нудете му чај од суви сливи и ѓумбир.
Пет суви сливи варете околу десетина минути во 400 милилитри вода. При крајот додадете една третина кафена лажичка мелен ѓумбир. Течноста процедете ја и понудете му ја на детето да ја испие. За уште подобар ефект во процедената течност додајте една кафена лажичка мелено ленено семе и добро промешајте.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…