Чај од билки кој ги враќа сјајот и мекоста на косата

Ако вашата коса е сува и оштетена не се двоумете да ја искористите моќта на оваа мешавина од билки која на влакното делува ревитализирачки и го враќа неговиот сјај и мекост.
За таа цел потребно е да подготвите мешавина од следниве билки:
– 50 грама корен од чичок
– 30 грама цвет од бозел
– 30 грама цвет од камилица

Откако ќе направите чај од оваа мешавина ( две лажици билки на еден литар вода) во него додадете и 50 мл јаболков оцет.
Со изладената течност прелијте ја косата која претходно сте ја измиле на вообичаен начин.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk