Чајот од липа го олеснува дишењето и смирува

Липата има ароматични жолти цветови од кои се подготвува многу вкусен благ чај. Сигурни сме дека повеќето од вас уживаат во тој богат вкус.
Токму чајот од липа има исклучителна диуретска моќ и го поттикнува потењето.

Традиционално, чајот од липа се употребува како природен лек против настинки и грип, сува кашлица и инфекции на горните респираторни органи, при зголемена телесна температура и висок крвен притисок.

Истовремено, цветовите од липата имаат благо седативно дејство па токму поради тоа се препорачуваат при хроничен замор, главоболки и нервна напнатост.

Липатае добредојдена кај жените во периодот на менопаузата, кога се можни почести случаи на напнатост и несоница.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk