Чаша медова вода на ден-најдоброто за вашиот организам

Најдоброто нешто што можете да го направите за вашиот организам е секојдневно да го почестите со чаша медова вода.
Благодетите на медовата вода се добро познати ширум светот. Имено, медот ја структурира водата зголемувајќи ги нејзините придобивки по здравјето на човекот правејќи оваа комбинација целосно и побрзо да се апсорбира во организмот.

Се што ви е потребно за да ја подготвите медовата вода е чаша млака вода и една лажица мед. На овој начин ќе добиете раствор кој по својот состав е сличен на човечката крвна плазма.

Едноставно промешајте го медот во водата и медовата вода е подготвена за употреба.

Измивајќи го лицето со медова вода, наутро и навечер, кожата ќе блеска, ќе биде свиленкаста и мека.

Пиејќи по една чаша медова вода, наутро на празен стомак и навечер пред спиење се нормализира дигестивниот процес, се зајакнува имунитетот, помага при лекување на бронхитис и грип и се прочистува организмот од токсини.

Чашата медова вода треба да ја испиете брзо, не голтка по голтка, секогаш свежо подготвена.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk