Чести компликации во бременоста

Објавено на: Jan 31, 2015 од Мама Кате

Повеќето бремености завршуваат без проблеми и компликации. Но, важно е да се знае кои сериозни здравствени проблеми може да се јават кај некои бремени жени.

Спонтан абортус

Спонтан абортус е губење на бебето во првите 20 недели. Околу 10 до 20% од бременостите завршуваат со спонтан абортус, а повеќе од 80% од бременостите се случуваат пред 12 недели. Причина за поголем дел од спонтаните абортуси кои се случуваат во првото тримесечје се хромозомски абнормалности во оплодената јајце клетка кои го спречуваат ембрионот да се развива. Иако не е необично, сепак вагиналното крварење обично е првиот знак за спонтан абортус и доколку забележите ваква состојба подобро е да се јавите на лекар веднаш.

Предвремено породување

Ако имате редовни контракции кои предизвикуваат вашата матка да се отвара пред 37 недела од бременоста, тогаш најверојатно станува збор за предвремено породување. Околу 12% од бебињата во САД се родени предвреме. Предвременото породување може да предизвика здравствени проблеми па дури да биде фатално за бебето ако тоа се случи многу рано. Колку е подобро созреано бебето, толку поверојатно е да преживее и да биде здраво.

Прееклампсија или висок крвен притисок

Прееклампсија е сериозна состојба која ја имаат околу 5% од бремените жени. Бремените жени страдаат од висок крвен притисок,  и имаат зголемено количество на протеини во урината. Вообичаено се јавува после 20 недели од бременоста. Повеќето жени кои развиле прееклампсија нагло отекуваат во рацете, нозете и лицето, нагло качуваат на килажа, имаат тешки главоболки и гадење и повраќање.

Со соодветна терапија и под надзор на лекар бебињата поминуваат добор со соодветна грижа. Но, тоа може да напредува брзо и тешка преекламсија може да влијае на многу органи и да предизвика сериозни, па дури и опасни по живот проблеми. Жените со тешка прееклампсија многу поверојатно е да се породат порано.problemi2

Мала количина на амнионска течност

Амнионската кеса е исполнета со течност која го штити и поддржува развојот на вашето бебе. Кога има премалку течност станува збор за олигохидрамнион. Според светската статистика околу 4% од бремените жени во Америка имаат ниско ниво на амнионска течност во некој момент од бременоста. Ако тоа е случај и со вас, гинекологот ќе ви ја следи бременоста внимателно  за да биде сигиурен дека вашето бебе се развива нормално. Ако сте на крај на бременоста, породувањето ќе биде индуцирано.

Ектопична бременост

Кога оплодената јајце клетка ќе се имплантира надвор од матката станува збор за ектопична бременост. Една од 50 бремености е ектопична.. бидејќи најголем процент од ектопичните бремености се случува во јајцеводот, тие често се нарекуваат тувални бремености. Важно е да се следи овој тип на бременост затоа што растечкиот ембрион може да придонесе за пукање на јајцеводот и да предизвика внатрешно крварење кое може да биде фатално. Бидејќи не постои моѓност како да се трансплантира ектопичната бременост во матката, прекинување на истата е единствената опција.

Гестациски дијабетис

Помеѓу 2 и 10% од бремените жени во САД го имаат овој тип на дијабетес. Тоа можеби и не е голем процент на жени но но ситуацијата е сериозна до степен што бремените жени рутински добиваат срининг на глукоза помеѓу 24 и 28 недела. Ако жената развие гестациски дијабетес, треба внимателно да биде следена од својот гинеколог. Повеќето жени успеаваат да го држат под контрола нивото на шеќер во крвта  со исхрана и вежбање и со тоа да родат здрави бебиња. Но, доколку не се третира, гестацискиот дијабетес може да предизвика сериозни компликации по здравјето на бебето. Мајките кои имаат гестациски дијбетес имаат 25 до 50% подоцна во текот на животот да развијат  дијабетес тип2 , иако овој ризик може да биде значително намален со одржување на здрав тежина и начин на живот.

Плацента превиа или ниска постелка

Ако имате плацента превиа тогаш вашата плацента лежи невообичаено ниско во или до матката, или го опфаќа грлото на матката. Плацента превиа не е обично пробчем во почетокот на бременоста. Но, ако плацентата останува ниско како напредува бременоста, тоа може да предизвика крварење, кое може да доведе до други компликации и може да биде знак за предвремено породување. Локацијата на вашата плацента ќе биде проверена во текот на вториот ултразвук, но само мал процент од жени кои имаат плацента превиа, имаат се уште и кога ќе се породат. Вообичаено жените со плацента превиа се породуваат со царски рез.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…