Честото туширање може да донесе повеќе штета отколку корист

Објавено на: Apr 18, 2016 од Мама Ане

Иако многу луѓе го доживуваат туширањето како секојдневен хигиенски ритуал, сепак, научниците велат дека пречестото туширање сепак може да донесе повеќе штета отколку корист.

Доктор Елен Ларсон, експерт за инфективни заболувања при Универзитетот Колумбија тврди дека секојдневното туширање не е неопходно, барем не за нашата кожа.

” Луѓето се тушираат за да бидат чисти, но бактериолошки, тоа не е случај. Пречестото туширање може да предизвика повеќе здравствени проблеми, бидејќи на тој начин од површината на телото се измиваат есенцијалните масла и се зголемуваат шансите за појава на одредени инфективни заболувања. На тој начин честото туширање им отвора директен пат на бактериите да навлезат низ порите на кожата” – објаснува доктор Елен.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…