Четири глупави коментари кои луѓето ги имаат за природното породување

Објавено на: Jul 13, 2016 од Мама Ане

Одлуката за начинот на породување е приватна одлука на секоја идна мајка и треба да се почитува.

Но, многу често идните мајки се соочуваат со бројни коментари, без разлика колку и да се цврсто убедени во одлуката како планираат да го родат своето бебе. Некои од нив се полни со поддршка, други се иронични, трети злобни, базирани на неинформираност.

Кога се мисли на природниот вагинален пород, подгответе се да слушнете некои од овие коментари:

– Зошто би сакала да го поминуваш тоа?

Тешко е на луѓето секогаш да им се даде одговор кој ќе ги задоволи. Затоа на ова прашање можете да одговорите бидејќи едноставно така сакате.

– Зарем не знаеш дека постои епидурална?

Освен ако сте живееле во пештера или во некоја земја каде што уште не се знае за епидуралната анестезија тогаш сигурно никогаш не сте слушнале за неа. Во спротивно, сте слушнале, сте размислиле и сте сфатиле дека таа не спаѓа во вашиот избор. А за причините зошто сте се одлучиле да ја чувствувате болката имате право да не говорите воопшто.

– Зарем сакаш да те боли додека раѓаш?

Глупаво прашање кое заслужува глупав одговор: Да, бидејќи сите ја сакаме болката, што поголема толку подобра! Луѓето кои го поставуваат ова прашање сметајте ги за недоволно едуцирани. Сигурно тие не располагаат со доволно информации за позитивните но и негативните страни на епидуралната анестезија.

– Почекај, ќе те видам кога ќе ти почнат контракциите!

Жените кои што раѓаат за прв пат не се свесни што ги очекува, но жените кои раѓаат по втор пат веќе знаат на што треба да бидат подготвени. Стравот од непознатото не е ист со стравот од познатото. Но во извесна мера страв си е страв. Коментарите од типот ќе се предомислиш кога ќе видиш колку ќе те боли а ќе ти биде предоцна за епидурална едноставно игнорирајте ги. Вие сте свесни за вашата сила како жена и како мајка и секако цврсто стоите зад одлуката што сте ја донеле.

Најважно од се е како вие психички се подготвувате за чинот на породувањето. Дел од вашата психичка сила треба да потекнува од едуцирањето и свесноста за тоа што треба да очекувате. Иако се надевате на најдобро, секогаш бидете подготвени за промена на планот за раѓање доколку докторите имаат доволни причини да ги направат тие неочекувани промени. Без разлика на кој начин ќе се заврши породувањето, она што потоа ве очекува е вредно за се што ќе поминете во тие неколку часа.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…