Чоколадни обланди

Вистинско чоколадно уживање.

 

Потребни состојки:
300 грама чоколадо за готвење
400 гр. шеќер
1 маргарин
2 пакетчиња ванилин шеќер
4 јајца
1 пакување обланди

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата и шеќерот.
Во сад на оган ставете го маргаринот да се стопи. Откако ќе се растопи полека со мешање додавајте ја изматената смеса.
Додадете го чоколадото и двете кесички ванилин шеќер и мешајте додека филот ја добие потребната густина.
На секој лист обланда, освен најгорниот нанесете од филот.
Обландите ставете ги во фрижидер и оставете ги да отстојат преку ноќта.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk