Црвена детелина-природно лекување на цисти на јајниците

Објавено на: Jul 28, 2016 од Мама Ане

Цистите на јајниците многу почесто се јавуваат кај жените во менопауза, отколку во било кој друг период од животот на жената.

Сепак, не се исклучок и оние периоди кога без разлика на возраста постојат одредени хормонални и ткивни промени кои доведуваат до појава на цисти на јајниците.

Во основа, нивната појава дефинитивно најчесто се поврзува со намалување на оптималното ниво на хормони во женскиот организам.

Црвената детелина е позната по тоа што содржи супстанции кои во организмот имаат слично дејство како естрогенот, што ја прави идеален природен лек против цисти на јајниците.

Свежо подготвениот чај од црвена детелина или екстракт од црвена детелина кој може да се најде во аптеките исто така делуваат превентивно против појавата на цистите.

Чајот од црвена детелина подгответе го на вообичаениот начин: во 200 милилитри зовриена вода сипете една кафена лажичка иситнета црвена детелина и оставете го да отстои околу половина час. Пијте по две шолји чај во текот на денот, наутро и навечер по јадење.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…