Да за рибата како дел од менито во бременоста, но сепак со внимание

Објавено на: Aug 29, 2016 од Мама Ане

 

Во текот на бременоста се препорачува да се конзумира барем два оброка кои содржат рибино месо во текот на неделата.

Во најдобра варијанта, еден од оброците треба да содржи масна риба. Месото од рибата содржи голема количина на витамини А, Д и особено витамини од групата Б, белковини и аминокиселини, односно есенцијални масни киселини важни за развојот на бебето.

Но, за трудниците, доилките дури и за оние жени кои планираат скора бременост се препорачува внимателност со некои видови на риба кои во својот состав содржат поголема количина на жива.

Доколку се претерува со конзумацијата на овој вид риба може да се зголеми ризикот зља појава на штетни влијанија врз нервниот систем на бебињата и доенчињата.

Туната како избор нека биде меѓу последните, на прво место се пастрмката, лососот и сардината.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…