Дали бебето во септември смее да се капе во море

Кога морето е чисто, топло и бистро не постои никаква пречка за бебето да се капе во море.

Но се подразбира постојан надзор и држење и на бебето на сигурно над водата. Сепак, бебето нека одлучи и ако му годи, тоа ќе се радува, ќе се смее и ќе плеска по водата со рацете и нозете.

Но ако плаче, не форсирајте бидејќи има време ќе го засака морето.

Ако водата е постудена, импровизирајте базен, ставете морска вода нека се загрее на сонцето, па тогаш ставете го бебето. Тоа може да го искористите ако деновите се ветровити.

По капењето истуширајте го со млака вода, нека се згрее на сонце па веднаш однесете го во сенка.

Вообичаено во септември е попријатно и не е потребна клима, сепак ако е премногу топло умереното климатизирање е пожелно и дозволено.

Температурата нека биде од 24 до 26 степени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk