Дали честите ултразвучни прегледи во бременоста се штетни за плодот

Објавено на: Apr 04, 2016 од Мама Ане

Ултразвучните прегледи во текот на бременоста не се најнова технологија од која треба да стравуваме поради можните негативни ефекти. За корисноста на ултразвучните прегледи се знае многу, но за негативните последици сеуште се дискутира.
Многумина кога размислуваат за негативните ефекти на овој метод на преглед ги потенцираат зрачењето и енергијата. Но, како што и самото име кажува, ултразвукот е звук. Значи, се работи за влијание на звук а не на зрачење. Апаратот користи звук со висока фрекфенција, нечуен за човечкото уво, за да креира слики од деловите на телото. Звукот со висока фрекфенција ( ултразвук ) кој сондата го испраќа патува низ ткивото и течностите во телото, односно се одбива од нив и повторно се враќа назад кон апаратот со различна брзина што зависи од густината на ткивото од кој што звукот се одбил. На тој начин се прикажува слика на малиот екран на апаратот.
Единствена докажана опасност од ултразвучниот преглед е евентуалното зголемување на температурата во матката што може да предизвика зголемување на телесната температура на плодот и на тој начин да предизвика некои видови оштетувања во ткивата и органите кај плодот. Сепак, истражувањата говорат дека за да се случи вакво нешто потребно е да се користи апаратот за ултразвучниот преглед релативно долго ( повеќе од половина час ) без да се помрднува сондата на површината на телото ( сондата да стои на едно исто место )
Она што сеуште не е со сигурност докажано е дали бебињата во стомакот на мајката се способни да слушнат звукови со широк спектар на фрекфенција, како што тоа го можат некои животни. Постои шанса, бебињата да ги слушаат тие звуци со висока фрекфенција и да се вознемират од тоа.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…