Дали децата растат пребрзо покрај модерните технолошки играчки

Повеќе од 2000 родители на деца помеѓу осум и дванаесет години одговорија на прашањето дали им пречи што нивните деца имаат свои профили на социјалните прежи пред да наполнат дванаесет години и повеќе пријатели отколку тие самите?

Во просек, половина од родителите одговориле дека не им пречи што нивното дете има свој фејсбук профил на таа возраст. Според одговорите на 40% од родителите, денес децата на таа возраст може да ужива во мобилниот телефон и таблетот без надзор превземајќи апликации без надзор од родителите уште од нивната десетта година.

Освен тоа, скоро 70% од родителите признале дека чувствуваат силен притисок од децата да им ги овозможат најновите технолошки “играчки”.

Според одговорите на родителите, дванаесет годишните деца денес можат самите да одберат која облека ќе ја носат, понекогаш самите си подготвуваат појадок, можат сами да патуваат со автобус и сл.

Се чини дека денешните деца припаѓаат на една дигитална генерација и повеќето од нив, за жал, не знаат дека постои и поинаков начин на живот, оној што не ги вклучува интернетот и останатите модерни технолошки направи.

Се поставува прашањето: Дали нашите деца раснат пребрзо и дали ние како родители можеме реално да го спречиме тоа?

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk