Дали е можна бременост ако….

Дали жената може да забремени ако мажот пенетрира само неколку секунди во женскиот полов орган?

Секој пат кога машкиот полов орган дојде во директен допир со вагината постои шанса за бременост. Ејакулирање надвор од вагината не е сигурна метода за заштита од бременост.

Дали е можна бременост ако се практикува тн. сув секс ( кога не постои пенертација но сепак машкиот полов орган доаѓа во допир со вагиналното подрачје )

– Забременување е можно доколку под соодветен агол дел од семената течност навлезе во вагината,но сепак, ризикот за сексуално преносливи полести е поголем отколку ризикот за појава на несакана бременост.

Дали жената може да забремени од предејакулативната течност?

– Да! Предејакулативната течност е течност која што истекува од пенисот пред да настапи ејакулацијата. Целта на оваа течност е да се снамали киселоста во матката и да се обезбеди соодветен лубрикант што ќе им помогне на сперматозоидите да ја оплододат јајце клетката. Поголемиот дел од мажите немаат чувство кога таа истекува и поради тоа не се во можност да ја контролираат. Сепак оваа течност содржи соодветен број на сперматозоиди, а нам ни е познато дека е доволен само еден сперматозоид да ја оплоди јајце клетката.

Дали жената може да забремени ако таа не доживее оргазам?

– Да, бременост е можна независно од тоа дали жената ќе доживее оргазам во текот на сексуалниот чин или не.

Дали жената може да забремени ако сексуалниот чин се одвива во вода?

– Бременост е дефинитивно можна. Водата од надвор нема никаква поврзаност со чинот на забременување, доколку спермата допре директно до вагината.

Дали е можна бременост ако мажот ејакулира во вода?

– Многу е мала ( скоро неверојатна ) можноста спермата да навлезе во вагината доколку мажот ејакуира во водена површина. Но треба да се знае дека доколку мажот ејакулира во топла вода тогаш спермата останува жива и способна за оплодување дури и неколку минути по ејакулацијата. Сперматозоидите не можат да преживеат доколку ејакулацијата се случила во врела вода, вода полна со хлор, хемиски додатоци за одржување на хигиена или сл.

Дали жената може да забремени во случај на анален секс?

-Не! Бременост не е можна кога се практикува анален секс.

Дали се намалува можноста за забременување ако мажот ејакулира повеќе пати?

– Поголемиот број на ејакулации може да го намали бројот на активните сперматозоиди, но секако и понатаму постои можност јајце клетката да биде оплодена. При секоја ејаклулација од пенисот истекува од 2 до 5 мл сперма, а секој милилитар може да содржи околу 100 милиони сперматозоиди. При зачестени ејакулации особено во близок временски интервал нивниот број ќе се намали но нема да дојде до 0.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk