Дали е можно да се претера во внесот на витаминот Д во организмот

Објавено на: Nov 13, 2015 од Мама Ане

Иако е неопходен и има огромно значење за здравјето на човекот, при дополнителен внес на витамин Д во организмот мора да се придржуваме кон препорачаните дневни дози. Сепак треба да се има во предвид дека овој витамин исто така го внесуваме преку исхраната.
Хипервитаминозата е можна, бидејќи кога се користат дополнителни суплименти во исхраната богати со витаминот Д а се во облик на маслен раствор тој има способност да се таложи во организмот.
Симптоми на прекоумерено пристуство на витаминот Д во организмот се појава на мачнина, повраќање, чешање и пецкање на кожата, суви очи, замор и сл.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…