Дали е можно дијагностицирање на аутизмот со помош на едноставно испитување на урината

Истражувачите од британскиот универзитет Империјал колеџ во Лондон и австралискиот универзитет Јужна Австралија откриле дека децата кај кои што се забележува аутистичен спектар на нарушувања имаат понакви вредности на некои хемиски елементи во урината во однос на децата кај кои не се забележани симптоми на спектарот.
Научниците овој факт го објаснуваат нагласувајќи го постоењето на поинаквиот профил на цревни бактерии кај децата со аутизам.

Стручната јавност смета дека токму поради тој факт би можело да се разликуваат децата со аутистичен спектар од останатите деца, односно разликата би се направила токму врз основа на анализите кои би покажале постоење на нуспродукти на тие бактерии во урината.

Според докторот Џереми Николсон, раководител на истражувањето, постојат големи шанси ова откритие да се трансформира во едноставен тест за испитување на урината во процесот на раното дијагностицирање на аутизмот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk