Дали медитацијата помага

Многу луѓе се прашуваат дали медитација всушност може да го подобри нашето здравје.
Апликации како што се Headspace, ја одигруваат својата улога обезбедувајки малку мир на зафатените луѓе. Но дали функционира или ова е само уште еден каприз, кој обезбедува краткорочен стимул врз нашето здравје или има траен ефект.

“Апсолутно не. Постои огромен спектар на докажани здравствени придобивки”, вели тренерот по медитација, Стјуарт Болд.

Во право е дека има предности, а некои од нив се губење на тежината, намалување на стрес хормоните, го намалува крвниот притисок и го подобрува квалитетот на спиењето.

Стјуарт е директор на Фондацијата на медитација кој пред 20 години бил адвокат работејки во Лондон и Њу Јорк. Тој го опишува неговиот метод на учење како целосно практичен и базирани на докази:

“Моите часови по медитација се одржуваат во многу светло осветлена просторија за конференции во Лондон. Не барам од нив да пеат, седат со скрстени нозе или зборуваат за нивните чувства. Тие добиваат бисквит за грицкање и совети.”

Првата пречка е да се најде мотив: немам прекумерна тежина, мојот крвен притисок е нормален, моето ниво на стрес е нормално и не е хронично покачено. Зошто сакаш да медитираш?

“Истражувањата од Универзитетот Харвард имаат докажано дека медитација ја подобрува когнитивната функција, меморија, донесувањето одлуки, фокус, креативност, емоционална интелигенција и отпорност. Јас работам со директори на мултинационални компании кои лесно ги идентификуваат предностите”, вели Стјуарт.

Во почетокот е тешко да се фокусирате бидејќи вашиот ум скита, но затворете ги очите. Пробајте го ова неколку пати, се изгледа како дремка. Сите кои медитираат велат дека гледаат подобрување во нивните животи, во смисла на спиење, емоционален напор и работен притисок.

Резултатите се гледаат постепено, ова не е теретана, така што ќе набилдаме мускули. Со ова треба да се пробудат мртвите мозочни клетки. Минималната медитација од 20 минути дневно ќе ви помогне многу.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk