Дали млекото е штетно

Чаша млеко дневно ги зацврстува коските, млекото поттикнува добро расположение – се се тоа фрази кои секој ги знае. Но резултатите од шведското истражување на ваквите тврдења, ставаат сомнеж на целата оваа работа.

Девојче со „бркови“, од млекото, се смее пред камерите, а во раката држи чаша млеко и веднаш покрај неа, полно шише млеко. Омилениот рекламен мотив. Исто како и блескавото бело млеко кое се меша со здрав овес. Таквите слики секојдневно можат да се видат на малите екрани. Асоцијација: млекото е исклучително здраво.

Големо истражување

„Таа порака можеби е претерана, но резултатите од едно шведско истражување фрлаат сомнеж на тоа колку млекото е воопшто здраво – и тоа во неговата чиста форма, не како додаток на некои слатки овошни снегулки или слично“, пишува Дојче Веле.

Во периодот од дваесет години, научниците од Универзитетот „Uppsala“ следеле 61.000 жени и во текот на девет години 45.000 мажи, за да ја документираат поврзаноста меѓу конзумирањето на млеко, високата смртност и честите кршења на коски.

Резултатот: Смртноста кај испитаниците кои дневно пиеле по три чаши млеко, или повеќе, била над просекот. Но, бројот на кршењата на коските, бил зголемен само кај жените кои конзумирале многу млеко, но не и кај мажите.

Ецхард Хеусер од Сојузот на млечната индустрија од Берлин, го критизира пристапот на шведските научници, и смета дека истражувањата, како што е горенаведеното, се користеле за да грубо го испитаат сомнежот.

Тој смета дека од тоа истражување се извлечени погрешни заклучоци.

Дури и Карл Михаелсон, еден од авторите на студијата, предупредува на прерани заклучоци: „Не можеме да кажеме дека тие последици се предизвикани исклучиво од конзумирањето на млеко. Млекото е само дел од мозаикот“.

Првите осомничени

Можно, сепак, некои шведски експерти се идентифицирани како потенцијални виновници во тој мозаик. Тие се сомневаат на галактоза – моносахарид, кој воглавно се јавува кај кравјото млеко. Глувците и штрковите на кои им е давана таа работа, брзо остаруваат и порано умираат.

Количината која ја добиваат одговара, отприлика на онаа во две чаши млеко. Поинаку е со млечните производи, како сирењето или јогуртот. „Во споредба со кравјото млеко, млечните производи кои се ферментирани, имаат значително ниво на глактоза“, вели Михаелсон.

Хеусер се сомнева во преносивоста на резултатите на експериментите со животните на луѓето. „Се разбира дека животните претходно умираат ако добиваат прекумерна количина на шеќер“. Тој напоменува дека луѓето кои дневно пијат три чаши млеко, што кај возрасните не се смета за вообичаено, не можат да ја достигнат таа количина.

„Ако се сомневањата со глактозата се точни, жените повеќе не би смееле да ги дојат децата, затоа што вредноста во мајчиното млеко, е поголема од крајвата“, објаснува Хеусер.

Отворени прашања

Неопходни се понатамошни истражува, сметаат и шведските научници. Воглавно, потребно е да се испита и влијанието на штетните причнители, како што се храната, пијалоците, спортот или пушењето. Лицата кои се испитани, се со различна старост. Резултатите од истражувањата на Михаелсон се гледаат како повод за понатамошна работа: „Не можеме да ви дадеме совет за конзумирањето на млекото кое е зависи само од една направена студија. Резултатите мораме многу вниматено да ги анализираме. Нашата студија објаснува едно: Потребни се истражувања од поголеми размери“.

За млечната индустрија, резултатите од истражувањата се фатални, смета Хеусер: „Потребни ќе ни бидат години за да го поништиме тој лош маркетинг“. Сепак, тој гледа и позитивни работи во истражувањата: „Друштвото се интереира за прехрана и добро е да се говори за млекото“.

Така, кога следен пат со чаша млеко во рацете ќе седите пред телевизорот на кој се појавува реклама со дете со бели млечни бркови, и понатаму ќе можете – да наздравите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk