Дали на лето бебето треба почесто да се дои

Објавено на: Jun 27, 2016 од Мама Силвана
36120_shutterstock_93551422_iff

Ако бебето исклучиво цица, одговорот е да. И возрасните на жештините се пожедни од вообичаено. Ако бебето има помалку од шест месеци и цица не треба да го одбивате или да му нудите вода или сок. Сосема е нормално бебето да повлече неколку голтки и да го прекине доењето.

Тоа не се случува поради тоа што бебето сака да ве нервира, туку затоа што е жедно или гладно.

На почетокот на подојот, млекото е воденесто и е погодно да ја угаси жедта, додека на крајот на подојот е погусто и похранливо.

Најважно е мајките да пијат доволно течности.

За постарите бебиња кои покрај мајчиното млеко јадат и кашички, потребна е дополнителна течност.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…