Дали некогаш сте пробале снег-научниците велат дека сепак тоа не е добра идеа

Понесени од возбудата што со себе ја носат забавните снежни игри, многумина од нас ја отвориле устата и се обиделе со јазикот да уловат некоја снегулка. Снежните радости скоро и да не можат да пројдат без вкусот на снегот.
Сепак, научниците велат дека јадењето снег и не е толку добра идеа.

Не само што јадејќи снег го зголемуваме ризикот за појава на воспаление на грлото и крајниците туку и можеме да ги внесеме во нашиот организам сите атмосферски нечистотии.

Френк Ванија, хемичај од Универзитетот во Торонто вели дека атмосферата наоѓа начин да ги пренесе нечистите и токсични честички повторно на земјата. Снегулкие можат да ја приврзат било која активна состојка која лебди низ воздухот вклучувајќи ги и хемикалиите кои се наоѓаат во киселите дождови, бактериите, сулфатите, нитратите и оловото.

Сепак, ако изедеме мала количина на снег не значи дека веднаш ќе се разболиме но сигурно е дека дури и таа мала количина снег не е толку чиста колку што изгледа.

Нутриционистите од Хамбуршкото здравствено друштво велат дека снегот како облик на дестилирана вода може да ги врзе минералите во телото но добрата вест е што тие брзо се надоместуваат со внесувањето на храна. Особено треба да се внимава децата да не го стават во уста снегот што е близу до улица затоа што според лабораториските анализи тој има најтоксичен состав.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk