Дали постои ризик за бременост ако пропуштите да се напиете контрацептивна таблета?

Објавено на: Sep 09, 2015 од Мама Ане

Правилата за користење на контрацептивните таблети се многу едноставни – во основа се пие по една таблета дневно во приближно ист временски интервал секој ден, цели три недели а потоа се прави пауза од седум дена. Но, понекогаш жените забораваат да ја испијат таблетата. Што тогаш?

Советите на гинеколозите велат дека не е сеедно во која недела е пропуштена таблетата.

Најголем ризик за бременост има доколку не се испие таблетка во првата недела после седумдневната пауза. Доколку доцнењето не е подолго од 12 часа, ризик за несакана бременост не постои и и се советува на жената да ја испие таблетата веднаш штом ќе се сети. Доколку сте задоцниле еден ден со таблетката ( не повеќе од 24 часа ) тогаш испијте две одеднаш и продолжете со вообичаената рутина на земање на таблетите.
Доколку сте заборавиле две или повеќе таблети ризикот од несакана бременост драстично е зголемен. Може да продолжите со користењето на контрацептивните таблети прескокнувајќи ги тие што сте ги пропуштиле но ќе ви биде потребна дополнителна заштита. Не е пожелно да се надоместуваат пропуштените таблети.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…