Дали постои ризик за плодот ако трудницата падне

Како расте стомакот во бременоста така кај некои трудници се појавува се поголема неспретност и помало чувство за рамнотежа што придонесува за зголемување на ризикот од пад на трудницата додека оди или ги извршува вообичаените дневни активности.

Ризикот за пад на трудницата се зголемува и поради веќе оптоварените зглобови на нозете поради зголемената тежина, како и поради задржувањето на течности во организмот што е дирекнта последица на хормоналните промени. Кај некои трудници се манифестираат и проблеми со концентрацијата што индиректно влијааат врз зголемување на ризикот од пад.
Намалувањето на рамнотежата кај некои трудници настанува како последица на пореметување на статиката на телото. Зголемувањето на телесната тежина го помрднува тежиштето малку понапред што допринесува стапалата да се пооптеретени што дирекно влијае врз појава на промени во начинот на одење.

Поради сите овие фактори на ризик за пад, трудницата треба да биде особено внимателна со цел да ја избегне оваа несакана последица. Сепак ако дојде до паѓање, трудницата треба да го избегне директниот удар во стомакот обидувајќи се да падне настрана. Сепак, треба да се има на ум дека бебето е добро заштитено во матката со плодовата вода, стомачните мускули на мајката и најверојатно ништо нема да му се случи нему ако мајката падне. Но, ако трудницата е пред породување можно е прскање на воденикот што би довело до предвремено породување. Во поголемиот број случаи паѓањето на мајката не предизвикува предвремено породување, но сепак треба да се обрне внимание на можните последици од падот и поради тоа при падот да се избегне директен пад на стомакот.

Причини за итна посета на лекар после падот, кои секоја трудница не смее да ги игнорира се вознемиреност на бебето во матката, контракции кои се зголемуваат во одреден временски интервал, појава на вагинално крварење или пак истекување на плодовата вода.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk