Децата треба да пијат по пет чаши вода дневно

Објавено на: Nov 01, 2016 од Мама Ане

Децата се особено чувствителни кон дехидратација или недоволен внес на течности.

Родителите треба да обрнат особено внимание за децата да внесат доволно вода и течности во текот на денот.

Дехидратацијата предизвикана од недоволен внес на потребната количина течности доведува до намалување на умствената и физичката активност, намалување на концентрацијата и вниманието; децата се уморни, имаат главоболки и може да се јави нарушување во регулирањето на телесната температура.

Основен извор на течности за децата претставуваат водата како и слабо минерализираните води, млекото, супите, домашно приготвените овошни сокови без шеќер, чајот и другите напитоци.

Децата треба да пијат дневно 5-6 чаши вода, вклучувајќи ги и другите напитоци.

Сите течности кои им се даваат на децата треба да бидат со умерена температура, да се избегнуваат многу студени или врели напитоци.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…