Децата учат од цртаните филмови

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Ане

За секое дете од две години процесот на повторување е многу важен бидејќи му овозможува проверка на сеќавањето и разбирањето на нештата, полесно поврзување на ликовите со случувањата.

Секако, очекувано е детето да се лути доколку омилениот цртан филм му исчезне од секојдневието.

Потребата за повторување и последицата на процесот на соживување со ликовите се остварува и преку цртаните филмови.

Децата на овој начин ментално се поистоветуваат со своите цртани јунаци  чии акции и делувања им помогаат полесно да ги разберат животните случувања.

Сепак, во никој случај не треба да се дозволи стекнувањето на искуството да се одвива само преку виртуелните примери.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…