Децата уште од најраната возраст ги развиваат првите нумерички концепти

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Ане

Дури и пред да научат да зборуваат децата ја разбираат математиката-тврдат научниците во новото истражување кое покажало дека сосема мали деца имаат апстрактна смисла за нумеричките концепти.

Во истражувањето се тврди дека дури и седум месечни бебиња покажуваат способност за препознавање на бројот на гласови кои ги слушаат во однос на бројот на лицата што ги гледаат.

Студијата спроведена врз 200 деца на Универзитетот Кембриџ наведува дека децата слушале две, односно три жени кои истовремено го изговарале зборот „гледај“ додека другите жени само се појавувале во снимката.

Децата значително подолго го гледале она видео кое одговарало на бројот на жени кои навистина зборувале.

– Од овој тест заклучивме дека децата имаат внатрешна способност за регистрирање на двојност или тројност кое е одвоено од сензорните влијанија – изјавила Елизабет Бранон, раководител на тимот истражувачи.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…