Декорирајте го домот цртајќи со сапун

Ви пренесуваме уште една интересна идеа за навистина несекојдневна декорација. Доколку сакате да цртате украсете ги стаклата од прозорите со помош на сапун.
Земете обичен сапун, со помош на остар нож зашилете го и почнете со цртање. Доколку не ви оди баш добро а сакате да направите некоја посебна форма, искористете парче хартија во саканата форма која ќе ја поставите од другата страна на стаклото и ќе ја прецртате.

Испробано, оваа техника најдобро функционира со сапуните на нивеа или било кој друг сапун со кремаста структура бидејќи остава повидлив траг на стаклото.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk