Депресијата кај жените е поврзана со нивото на естроген во организмот

Репродуктивниот процес кај жените има големо влијание врз формирањето на различни психопатолошки промени.Во текот на репродуктивната доба, зачестеноста на депресијата значително се разликува помеѓу половите.
Рецепторите за естроген се наоѓаат во разни ткива, вклучувајќи го и мозокот ( како кај мажите така и кај жените ) но тесно се поврзани со серотонинот и допаминот.

Експресијата на естрогенските рецептори во мозокот варира во текот на менструалниот циклус додека нивото на естроген се менува под влијание на репродуктивните настани во текот на животот на жената што се одразува на психопатолошката состојба во која се наоѓа жената.

Кај мажите појавата на депресија се зголемува за време на пубертетот и е релативно константна во текот на животот.

Кај жените пак, појавата на депресија низ животот се одразува во зависност од промените на нивото на естрогенот. И кај жените еднаква е индицијата за појава на депресија во пубертетот исто како и кај мажите, но тоа може да се случи и во текот на адолесценцијата, младата зрелост, средната животна воздраст и по менопаузата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk