Депресивните татковци се агресивни кон децата

Спорд истражувањата спроведени во рамките на  Универзитететот во Мичиген депресијата кај татковците може негативно да влијае врз развојот на децата и нивното здравје.

Татковците кои постојано се депресивно расположени се поподложни на употреба на ќотекот како воспитна мерка, дури 4 пати повеќе од татковците со ненарушено ментално здравје.

Во спроведеното истражување ,на чело со др. Сара Кларк, учевство земале 1746 татковци на едногодишни деца. Според интервјуата и направените психолошки анализи дури 7% од татковците страдале од депресија. Од нив 41 % изјавиле дека на своите деца им читаат најмалку 3 пати неделно, а останатите 59% тоа го прават помалку од 3 пати. Во истиот процент се мерат и татковците кои признале дека го удриле своето дете барем еднаш во последниот месец, што е просечно три пати повеќе од татковците кои не страдаат од депресија.

Првиот чекор за неутрализирање на појавата на зголемување на физичката агресија насочена кон децата кај депресивните татковци, според психолозите е заедничката посета на матичниот педијатар на детето, осносно на психолог.

Таа посета ќе овозмои идеална можност за разговор со кој на таткото ќе му се предочат вистинските родителски вредности и ќе му се даде насока за понатамошен третман и помош за излез од таа состојба.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk