Десерт од три состојки

Овој вкусен десерт е готов за 15 минути, а најмногу време одзема ладењето во замрзнувачот.

Потребно е:

250 гр бисквити

3 лаж растопен путер

1,5 л подрастопен сладолед ( вксу по желба)

Подготовка:

Во блендер ставете 10 бисквити, додадете го путерот и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Бисквитите можете да ги смелете и со сукало.

Оваа мешавина ставете ја во сад кој е длабок 22 см, но чие што дно се вади. Притоа истата цврсто притиснете ја кората на дното на садот. На кората ставете осум цели бискоти.

Потоа, врз тоа ставете го сладоледот и нежно распоредете по целата површина.Тортата ставете ја во замрзнувач најмалку четири часа додека не стане цврста.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk