Детската паста за заби со флуор препорачлива после третата година

Објавено на: Oct 19, 2015 од Мама Ане
Toddler-Brushing-Teeth-600x235

Флуорот е минерал кој има позитивен ефект врз оралното здравје кај луѓето делувајќи на тој начин што ја зголемува отпорноста на забите од кариес.
Поради многубројните извори на флуор, пред да се почне со неговата употреба треба да се земат во предвид дали и колку негови извори се користат во моментот затоа што поголеми количини на флуор може да доведат до појава наречена флуороза, која може да  има негативни ефекти врз забите, исто како и неговиот недостаток.

Контролираната употреба на флуорот, и покрај сите негови придобивки, е особено важна за здравјето на луѓето што ја поставува потребата за процена на ризикот од можна појава на кариес на забите.

Употребата на пастата за заби кај малите деца пожелно е да се воведе од втората година. Тие пасти пред се треба да имаат благи вкусови што ќе му помогнат на детето да се навикне на нивното користење. Воведувањето на пастите за заби кои во себе содржат флуор стоматолозите препорачуваат да се одложи до третата година од животот на детето. Во подоцнежниот период најважно при изборот на паста е таа да содржи доволна колична на флуор што во повеќето случаи се практикува од страна на производителите.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…