Детски имиња кои се забранети во светот

Во Македонија не постојат законски забрани за имињата на децата и затоа на новороденчињата тука може да им биде дадено било кое име. Но, тоа не е случај секаде во светот.
Многу имиња се забранети во државите низ светот, а позади некои од нив се кријат многу интересни причини.

Културно наследство

Некои држави ја користат забраната за имиња за да го сочуваат културното наследство. На пример, во Португалија се забранети англиските верзии или изговори на имињата, па така „Кетрин“ ќе биде преименувана во „Катрина“. Во Саудиска Арабија е забрането името „Абдул Насер“, поради тоа што тоа име асоцира на египетскиот националист од времето на Студената војна, Гамал Абдул Насер.

Во Португалија се забранети уште имињата Викинг, Џими, Ријана и Сајонара.

Неутрални имиња

Земјите како Германија ги имаат забрането имињата кои се неутрални, односно кои можат да се користат како женски или машки имиња. Тејлор, Ешли, Морган и Џордан се имињата кои се забранети во Германија и Данска поради оваа причина.

Смешни/навредливи имиња

Во останатите држави од светот се забранети имиња кои се сметаат за смешни или навредливи, па така локалните матичари можат да реагираат кај властите доколку некој сака да го именува детето со некои од овие имиња. Такви имиња се:

Принц Вилијам (Франција)

Адолф Хитлер (Германија)

Осама Бин Ладен (Германија)

Анус (Данска)

Елвис (Шведска)

Металика (Шведска)

Рамбо (Мексико)

Бетмен (Мексико)

Скротум (Мексико)

Религиозни фигури

Многу држави сакаат да ги заштитат религиите со тоа што ќе го забранат користењето на имиња кои имаат религиозна позадина. Такво е на пример името Јуда, кое е забрането во Швајцарија, како и Луцифер, кое е забрането во Швајцарија и во Нов Зеланд.

Букви и граматика

Граматиката и начинот на образување на името може да му застане на патот на родителот при изборот на име на неговото дете. Овој случај се среќава во Исланд, каде секое име мора да ги содржи само буквите од исландската азбука, па така забранети се имињата во кои ги има буквите C, W и Q.

Брендови

Во некои држави е забрането да се користат имињата на брендови како лични имиња. На пример, во Мексико е забрането детето да се вика Facebook, додека французите ги забранија Nutella и Mini Cooper.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk