Добри навики кај децата и на трпезариската маса

Објавено на: Sep 26, 2015 од Мама Ане

Моделирајќи го добриот начин на однесување на детето, родителот не треба да го заборави и однесувањето на трпезата. Дозволете детето да ги копира вашите однесувања. Овозможете му што почести семејни оброци, кога целото семејство седи на трпезариската маса. Подавајте си ја храната меѓу себе, зачините, шишињата со вода и поттикнете го детето да учествува во тоа. На пример, можете да побарате од детето да ви ја подаде солта и сл. Обидетете се да изедете скоро се што е поставено во чинијата пред вас ( секако не ја преполнувате ниту вашата ниту чинијата на детето ), детето ќе го забележи тоа. Редовната практика на навиките на трпезариската маса можат да му помогнат во отсликувањето на добрите и лошите постапки, препознавање на тоа што е добро а што е лошо дури и кога вие нема да бидете тука да му го посочите тоа во моментот. Предолгите објаснувања скоро никогаш не вродуваат со плод, особено кога станува збор за слушатели како што се малите деца. Следејќи ги вашите примери и навики околу исхраната, детето многу полесно ќе воведе и ќе прифати нови намирници во исхраната.
Обидете се да не ја правите често најпознатата грешка поставувајќи му го на детето прашањето: Што сакаш да јадеш? Можеби сакаш од пилешкото или од рибата? Децата освем што се љубопитни, тие истовремено се и неодлучни. Многу често нема да знаат што да одберат. Или пак, ако го одберат едното, многу кратко потоа можат да го сменат мислењето и да го побараат другото. Најдобра опција е на децата да им ја послужите храната која што вие сте одлучиле дека ги задоволува неговите дневни нутритивни потреби, храна која што вие како родител сте му ја обрале да биде дел од неговото денешно мени.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…