Доените деца имаат подобар имунитет-мит или факт?

Децата кои се доени имаат подобар имунитет-велат педијатрите, и тоа не е мит туку непобедлива вистина.

Имунетот е комплексна работа која значајно го преминува основното ниво на одбрана на телото од бактерии и вируси.

Знаеме дека бебињата кои се доени во првата година имаат помали шанси да добијат дијареа предизвикана од рота вирусите како и респираторни инфекции.

Но, она што за лекарите е уште поважно се долгорочните ефекти на доењето во поглед на имунизацијата.

Имунитетот понекогаш може да биде погубен за нас ако се појават автоимуни заболувања, така што нашиот сопствен организам ги уништува деловите од нашата адекватна имунолошка реакција.

Денес докажано се знае дека бебињата кои се на исклучително доење во првите шест месеци од животот имаат значително помал ризик за развој на такви автоимуни заболувања подоцнежно во текот на животот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk