Доењето ги намалува болните симптоми на ендометриозата

Ендометриозата е заболување кое подразбира создавање на ендометрално ткиво во телото на жената и тоа не само на матката туку и на јајниците, јајцеводите како и на надворешниот ѕид на самата матка.

Ова ткиво има својства на материчното ткиво кое се лушти еднаш месечно во текот на менструалниот циклус.

За жал, оваа крв која се создава при лупењето на ткивото може да предизвика болни компликации, вклучувајќи и стерилитет.

Многу досегашни истражувања го потврдуваат фактот дека бременоста повремено го спречува напредувањето на ендометриозата.

Во овој контекст, научниците го напоменуват и фактот дека доењето значително ги олеснува непријатните симптоми на оваа болест.

Имено, со доењето барем за кратко се одложува враќањето на регуларниот менструален циклус што е добра околност за спречувањето на појавата на ендометриозните симптоми.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk