Доењето има исклучителни здравствени придобивки и за детето и за мајката

Доењето е совршен начин мајката да се поврзе со своето малечко, но истовремено доењето не е само начин на хранење. Тоа изобилува со лековити својства и здравствени придобивки, како за децата така и за мајките.

 

Многу досегашни истражувања го потврдуваат фактот дека лековитите својства на доењето се незаменливи за секое дете.

Доењето може да го намали ризикот за појава на инфекции, детската леукемија, дијабетис тип два како и гојазноста во подоцнежните години од животот.

Исто така, докажани се придобивките кон намалување на ризикот за разој на кариес и деформирање на забалото.

Доењето има и здравствени придобивки за мајката,па така преку доењето се намалува ризикот за појава на одредени заболувања како што е ракот на дојката и јајниците, остеопорозата, срцевите заболувања и др.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk