Доењето ја намалува количината на инсулин потребна на мајката која боледува од дијабетес

Објавено на: Feb 03, 2016 од Мама Ане

Многу мајки кои боледуваат од дијабетес во текот на доењето забележале дека болеста навлегла во период на ремисија.

Овој период може да потрае се додека мајката дои, но во некои случаи е забележано дека тој се продолжува и неколку години по прекинувањето со доењето.

Истражувањата докажале дека потребата за инсулин кај мајките заболени од дијабетес значително опаѓа во периодот на доењето, што не е случај кај оние мајки што ги ранеле своите бебиња со адаптирано млеко.

Според податоците, потребата на телото за инсулн во просек се намалувала за 27% во однос на потребите од инсулин што телото ги имало пред бременоста.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…