Доењето како лек за постпородилната депресија

 

Според британското истаражување спроведено врз 14,000 млади мајки, доењето двојно може да го намали ризикот за појава и развој на постпородилна депресија.
Кај секоја десетта жена после породувањето се развива постпородилна депресија, но тој ризик опаѓа дури за 50 % доколку мајката почне да го дои своето малечко.

Истражувачите тоа го препишуваат на зголеменото лачење на хормонот за среќа додека мајката дои и се лачи нова количина на млеко во нејзиниот организам.

Но за жал, кај оние мајки кои што сакаат да дојат а не се во можност, ризикот за појава на постпородилна депресија се зголемува за 50 %, што претставувало најголемо ниво на ризик од сите групи.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk