Доењето помага матката побрзо да се врати во првобитната состојба

Покрај многубројните позитивни ефекти од доењето, научниците докажале дека бебешкото цицање во голема мерка помага матката на мајката побрзо да се врати во првобитната состојба.

Со помош на цицањето во телото на мајката се ослободува поголема количина на хормонот окситоцин. Овој хормон им дава сигнал на дојките да испуштаат доволна количина на млеко од млечните канали, но истовремено и ги поттикнуваат контракциите на матката.

Токму тие благи контракции го помагаат враќањето на матката во состобата во која била пред да се случи зачнувањето.

Имено, по породувањето во просек матката е тешка околу еден килограм, додека во првобитната состојба нејзината тежина изнесува околу седумдесет грама.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk