Долгото стоење во бременоста ризик за ниска родилна тежина на новороденчето

Извршувањето на задачите во стоечка позиција во текот на бременоста во подолг временски период можат да имааат негативни последици врз фетусот.

Ако мајката во текот на бременоста извршувала работни задачи стоејќи, правејќи го тоа во долги временски интервали може да се случи бебето при раѓањето да има пониска телесна тежина.

До овој податок дошле француските научници, чиј стручен труд е објавен во списанието Occupational and Environmental Medicine.

Испитувајќи 4680 трудници од Холандија констатирале дека главата на бебињата чии што мајки во текот на бременоста работеле стоејќи повеќе од 8 часа дневно е во просек помала за еден сантиметар, односно дека бебињата се полесни за 200 грама.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk