Долготрајната употреба на контрацептивни таблети го зголемува ризикот за појава на рак на грлото на матката

Во групата на најзначајни ризик фактори кои придонесуваат за појава на рак на грлото на матката се сметаат пред се хуман папилома вирусот , а потоа и долготрајната употреба на контрацептивни таблети, пушењето, бројот на сексуални партнери како и состојбата во која се наоѓа имунолошкиот систем на жената.

Постојат многу истражувања кои го потврдуваат фактот дека ризикот за појава на ова заболување значително може да се зголеми доколку жената долг временски период го контролира раѓањето со  употреба на контрацептивни таблети.

Утешителен е фактот дека контрацептивните таблети од новата генерација во својот состав содржат значително помало количество на естроген со што се намалува интензитетот на ризичност.

Кај жените кои што користат контрацептивни таблети но истовремено немаат присуство на хуман папилома вирус во организмот нема значителен ризик за појава на рак на грлото на матката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk