Домашната зеленчукова супа нека биде кралица на вашата трпеза

Зеленчукот е еден од главните извори на витамини, минерали и растителни влакна за организмот.

Супата од зеленчук е нискокалоричен нутритивен оброк кој на организмот освен потребната течност му обезбедува извесна количина на хранливи материи и електролити.

За да бидете сигурни дека во зеленчуковата супа се останати доволен број на хранливи материи не го варете зеленчукот предолго време. Зеленчукот ( освен доматите ) што помалку е изложен на термичка обработка при високи температури толку повеќе хранливи материи задржува во својот состав, особено термолабилни витамини.

При подготовката на зеленчуковата супа избегнувајте го користењето на дополнителни зачини, особено солта.

Зеленчуковата супа е незаменлив оброк кој ја поттикнува циркулацијата, го грее и отпушта телото и го зајакнува имунолошкиот систем.

Интересен е фактот дека честото конзумирање на супа од домати и моркови, оброк богат со каротеноиди, значително го намалува ризикот за појава на малигни малформации на клетките во телото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk