Домашниот миленик не е скапа играчка за забава на децата

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Ане

Кога одбирате домашен миленик добро размислете дали ви е потребна играчка за забава на децата или можете тоа да го издржите  – и материјално и организационо.

Кога земате домашно милениче прашајте го ветеринарот што тој вид на животно носи со себе, кои се неговите побарувања во смисла на вакцинација, имунопрофилација, чистење против цревни паразити, што треба животното да јаде и сл.

Исто така мора да знаете кои заразни и други заболувања може да го снајдат миленичето и дали постои болест која може да се пренесе и на човекот и како да се заштитите од истата.

Во секој случај, доколку сметате дека сте подготвени и вие и вашето дете за таква обврска, секогаш е добредојдено да се има домашно милениче покрај себе.

Децата кои имаат домашни миленици уште од мали нозе развиваат чувство за одговорност. Милениците имаат потреба од редовно шетање, храна, игра, посебна хигиена и токму детето стекнува навика да се грижи за да ги задоволи потребите на животинчето. Милениците го учат детето да се еманципира и да сочувствува со другите, но и да води грижа за себе.

Вие како родители, треба на вистински начин да му ја пренесете љубовта кон животните и да го учите како правилно да се грижи за нив.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…