Држете го бебето на левата страна за подобра комуникација

Објавено на: Dec 13, 2016 од Мама Ане

Според психолозите, држењето на бебето на левата страна ја зголемува активноста на десната хемисфера на мозокот која е одговорна за експресија на лицето што исто така ја зголемува комуникативната поврзаност помеѓу родителите и бебето.

Комуникацијата помеѓу родителите и бебето се одвива најчесто со помош на допир и глас.

Левото уво е тоа што е одговорно за фаќање на сите сензибилни вокални сигнали бидејќи бебето сеуште не го разбира значењето на зборовите.

Држејќи го бебето на левата страна, се овозможува ослободување на левото уво на бебето што е важно за комуникацијата помеѓу родителите и бебето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…