Двобојните нокти се можен знак за бубрежни заболувања

Објавено на: Oct 06, 2016 од Мама Ане

Голем е бројот на луѓе кои што страдаат од хронични заболувања на бубрезите и имаат двобојни нокти.

Поедноставно кажано, кога се мисли на двобојни нокти се мисли на постоење на различна боја на коренот и крајот на ноктот. При тоа коренот на ноктот е со  изразено бела боја, а како што оди кон горе ноктот има лесно или изразено кафенкаста боја.

Гребенестите нокти, односно ноктот со нерамна површина како и ноктите кои лесно се кршат исто така можат да бидат знак за потенцијално заболување на уринарниот тракт.

Овие промени на ноктите се резултат на зголемена концетнрација на одредени хормони и хронична анемија која се поврзува со болести на бубрезите.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…