Едно јајце дневно не го зголемува лошиот холестерол во крвта

Благодарение на група научници од Американската асоцијација за популаризација на здравите прехрамбени навики, докажано е дека сепак честото конзумирање на јајца не им пречи на срцето и на крвните садови толку многу колку што досега се верувало.

Холестеролот од оваа хранлива намирница не е причина за блокирањето на артериите. Овој факт е докажан со помош на 14 годинишното истражување во кое биле опфатени повеќе од 110,000 луѓе.

Освен што не е докажана никаква разлика во ризикот за појава на срцеви заболувања кај двете групи луѓе ( оние што секојдневно јаделе по едно јајце и оние кои што јаделе јајца само еднаш неделно ), докажано е и дека оваа намирница може многу полесно да го намали чувството на глад за разлика од пекарските производи што ги прави јајцата вистинска диетална храна.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk