Еклампсија во бременоста

Објавено на: Dec 06, 2016 од Мама Ане

Високиот крвен притисок во бременоста дополнително влијае врз органите на мајката а посебно се оптеретува кардиоваскуларниот и уринарниот систем во телото, црниот дроб и мозокот.
Доколку прееклампсијата се држи под контрола се намалува ризикот за појава на еклампсија која што е значително потешка состојба како за мајката така и за плодот.

Еклампсијата е последна и најтешка фаза од нелекуваната прееклампсија која сериозно може да му наштети на плодот и секако на мајката.

Иако може да се јави и порано, сепак најголеми се шансите таа да се појави по дваесеттата недела од бременоста.

Еклампсијата подразбира појава на тонични грчеви по телото пропратени со губиток на свеста и во екстремни случаи прекин на дишењето. Овие екламптични напади се многу слични на епилептичните напади.

Повеќето жени кои што имаат прееклампсија во бременоста ги износуваат своите бебиња без компликации, раѓајќи здрави бебиња.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…