Електролитниот дисбаланс може да биде опасен по здравјето

Нерамнотежата на електролитите обично подразбира промена на концетрација на јоните на калиумот, натриумот и калциумот во човековото тело. Нарушувањето на другите електролити многу поретко се случува а доколку се случи тогаш се појвавува поради нерамнотежата на трите погоре споменати електролити.
Освен поради неправилното внесување на одредени хранливи материи, електролитниот дебаланс настанува и во случаи на одредени услови како што се дехидратација, хеперхидратација, прекумерно потење, повраќање и дијареа.
Одредени заболувања на организмот исто така можат да допринесат за појава на дебаланс на електролитите, како што се болести на бубрезите, црниот дроб, булимија или канцерогени промени на клетките во телото.
Исто така и употребата на лекови може да предизвика електролитен дебаланс како што се на пример диуретиците.
За време на потењето се губи натриумот, затоа е важно да се грижите за количеството на вода во организмот додека сте физички активни или во текот на летниот период.
Симптоми кои укажуваат на појава на негативна концентрација на електролити се:
– грчеви во мускулите
– слабост во мускулите
– нарушувања на нервниот систем
– проблеми со варењето ( подуеност, запек, дијаереа )
– вртоглавица
– гадење и повраќање
– брзо или побавно срцево отчукување
– губење на апетитот
– отежнато дишење
– немир и раздразливост
– деконцентрација
– можно губење на свеста

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk