Елена Стефановска: Не верувам во новогодишни желби, верувам во одлуки

Модерна и позитивна, водителката на „Живот со стил“ со свои посакувања новата 2018 година. Вели дека повеќе верува во одлуки отколку во желби, не троши толку колку што изгледа и сака успех и мир за себе во следните 365 дена. 

 

Мама365: Празниците обично се повод за радост и среќа. Што е тоа што ја дава причината за ова чувство во Вашиот дом?

Елена Стефоновска: Јас се уште се радувам на празниците како мало дете, бидејќи за мене тие значат мир, спокој, време поминато со семејството и најблиските. Едноставно тоа и ме прави среќна. Новогодишните и Божиќните празници со себе носат посебна магија која сите не’ прави среќни. Во овој период од годината се е магично! Ме прави среќна што сме сите здрави и живи!

 Мама365: Важите за шопингхоличарка. Колку троши Дедо Мраз за да Ви ги исполни желбите?

Елена Стефоновска: Моите желби не секогаш се поврзани со шопинг, но мора да признаеме дека е таков период од годината па не фаќа лудило за купување. За моите желби на Дедо Мраз не му требаше голем буџет годинава, бидејќи си посакав да ме служи пред се здравјето. Искрено оваа година се потрудив јас да бидам Дедо Мраз и да ги исполнам, но и изненадам луѓето околу мене.

Мама365: Која е најнеобичната желба што сте ја посакале?

Елена Стефоновска: Хмм, да бидам искрена ништо не ми паѓа на памет, но верувам дека како дете сум имала многу необични желби за кои сум мечтаела. А, ако ме прашувате од денешен аспект, јас повеќе верувам во новогодишни одлуки, а не желби. Да, важно е да имаме желби, но уште поважно да одлучиме да ги исполниме, во тој случај не постојат необични или невозможни работи.

 

Мама365: Се ближи почеток на нов круг од 365 дена. Кој е најголемиот предизвик кој што ќе си го поставите за следната година?

Елена Стефоновска: За мене секоја Нова година, претставува нов почеток, нова шанса за предизвици и цели. Оваа 2017-та година ја завршувам со нов проект „Живот со стил“ – talk show на кое сум посебно горда. Па без размислување ќе кажам дека предизвикот за следната година ми е да заокружам уште една успешна сезона.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk