Емоционалното здравје на децата се развива преку игра

Родителите кои ги разбираат потребите на своите деца, знаат дека нивното емоционално здравје се развива преку игра.

Затоа пружајте им потребни материјали за игра, соодветен простор и време. Така на детето му се овозможува да впива знаења во себе, за другите, за животот, за тоа како нештата работат, на начин на кој децата тоа го прават со векови, преку забава.

Исто така, ќе бидат ослободени од модерниот стресен начин на живот, бидејќи ќе им биде овозможено да бидат деца.

За жал, во последно време нашето општество не придава важност на играта. Причини има многу: поголем акцент на училиштата и академската заедница, намален одмор и физичка активност, зголемен број на организирани активности како спорт и едукација, експанзија на користење на телевизијата, компјутерите и паметните телефони во животот на децата, страв кај родителите дека нивното дете ќе заостанува ако не го запишат на дополнителни програми.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk