Ентеровирусите и бактериите се најчести причинители на дијареа кај децата

Објавено на: Dec 28, 2016 од Мама Ане

Најчестите причинители на проливот кај децата во организмот се внесуваат од надвор преку нечисти раце, неадекватна храна или контакт со веќе болно дете.

Првата група на причинители ја сочинуваат микроорганизмите како што се бактериите, вирусите, а поретко и цревните паразити и габичките. Тие најчесто предизвикуваат цревни инфекции кои се пропратени со појава на пролив.

Друга група на причинители на проливот кај децата се непосакуваните надворешни материи-токсините,кои во допир со детскиот дигестивен систем доведуваат до пролив, а често и до повраќање.

Кога зборуваме за цревни вируси тогаш мислиме на ентеровируси кои доаѓаат до цревата каде многу брзо се размножуваат делувајќи негативно врз цревната слузокожа и оневозможувајќи го нормалното варење на храната.
Ентеровирусите најчесто се пренесуваат преку нередовна хигиена на рацете, но и преку консумирање на нечисто овошје и зеленчук.

Во групата на цревни бактерии на прво место е салмонелата. Салмонелата е еден вид на прототип на цревните инфекции и обично се јавува во колективни опкружувања.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…